Дома Фудбал Играчите на Арсенал сепак прифатија намалување на платите

Играчите на Арсенал сепак прифатија намалување на платите

Арсенал денеска ја информира јавноста дека после неколку дена преговори постигнат е договор со играчите и стручниот штаб за намалување на платите.

Па така, играчите и тренерите на Арсенал од овој месец ќе земаат пониска плата за 12,5%.

Откако сезоната ќе продолжи и играчите успеат да ги исполнат целите на клубот парите ќе им бидат вратени.

Од Арсенал не сакаа да кажат за кои цели се работи, но веројатно се работи за пласман во Лига на шампиони.

Исто така од клубот истакнаа дека се горди на играчите и стручниот штаб бидејќи покажале единство во овие тешки моменти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол и место во идеалниот тим: Додев се истакна во дресот на Алтаи

Дарко Додев беше стрелец во ремито на Алтаи со Јелимај Семеј и се најде меѓу најдобрите во…