Фудбалерот на Алавес, Абдел Абкар ги изненади навивачите својот тим кога уште на полувремето го побара дресот на Килијан Мбапе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мароканецот додека се упатуваше кон тунелот дојде до Мбапе и го замоли да ги разменат дресовите, а Французинот му ја исполни желбата. Абкар во тие моменти беше забележан и од камерите, па доби критики и од навивачите.
Очигледно ваквиот негов потег не го одобрил ниту тренерот на Алавес, па Абкар на паузата остана во соблекувалната и не продолжи во вториот дел.