Дома Фудбал Англија Ибрахимовиќ се врати и порача: Лавовите не се опоравуваат како луѓе

Ибрахимовиќ се врати и порача: Лавовите не се опоравуваат како луѓе

Целиот „Олд Трафорд“ стана на нозе кога во 77 минута Ентони Марсијал му го отстапи местото на Златан Ибрахимовиќ!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Златан се врати после неполни шест месеци од тешката повредата на вкрстените лигаменти на коленото. Малку недостасуваше Ибра да се врати на фантастичен начин, онака како што само тој знае, сепак неговиот удар со „полуножички“ не заврши во мрежата на Њукасл.

„Лавовите не се опоравуваат како луѓе“, беа првите зборови на Златан по завршувањето на натпреварот.

„Ова е навистина посебен ден. Воопшто не се грижам, знам што треба да правам. Тренирав навистина силно и многу се жртвував“, зборуваше Ибра.

Сепак на крајот призна дека не му било лесно.

„Воопшто не се чуствував како да бев на одмор. Имав поинакво лето бидејќи немав договор. Од оној момент кога потпишав, сакав само да се фокусирам на тимот. Со нетрпение чекав да бидам во можност да и помогнам на екипата. Благодарен сум што повторно можам да играм фудбал“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ден за спектакл на Вимблдон: Ѓоковиќ против Синер во битка за финале!

Денес ќе се одиграат полуфиналните натпревари на Вимблдон во машка конкуренција. Како ПАМЕ…