Сезонава Златан Ибрахимовиќ одигра само 30 минути фудбал во дресот на Милан и тоа против Лацио кога влезе од клупата и постигна гол.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Пред натпреварот Ибра беше надвор од терените четири месеци поради операцијата на коленото. Иако во Милан тренира индивидуално селекторот на Шведска се реши да го повика за натпреварите со Косово и Грција.




„Го повиквав затоа што мислам дека може да биде дел во некој период од натпреварите и да придонесе. Се враќа од повреда, но напредува од ден во ден. Ќе биде со нас кога ќе се собереме на стартот на идната недела“, изјави селекторот Јане Андерсон.
