Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ибра откри: Шансите да играм во Русија се многу големи

Ибра откри: Шансите да играм во Русија се многу големи

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш потврди дека има намера да настапи за репрезентацијата на Шведска на Светското првенство во Русија.

Напаѓачот на ЛА Галакси го напушти националниот тим после ЕП 2016. година, но повторно изрази желба за враќање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ибра на Твитер испрати јасна порака дека има намера да игра на Мундијалот во Русија.

„Шансите да играм на Светското првенство се многу големи.“ – напиша Ибрахимовиќ.

Златан е најдобар стрелец на репрезентацијата на Шведска на сите времиња со 62. погодоци во 116. одиграни натпревари, а ја носеше капитенската лента од 2010. година, се до неговото повлекување.

Шведска на СП ќе игра во групата Ф, а за противници ги има Германија, Мексико и Јужна Кореја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Официјално: Ван Перси започна самостојна тренерска кариера

Поранешниот напаѓач, Робин Ван Перси започнува самостојна тренерска кариера и стави потпис…