Фудбалската федерација на Македонија во соработка со УЕФА преку „Хет-Трик“ програмата за развој на фудбалската инфраструктура го претставува идејното решение за западната трибина на Градскиот стадион во Штип.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Новиот стадион нѐ само што ќе стане пристоен дом за штипската гордост, ФК Брегалница, туку би бил и прилика за македонската репрезентација да биде домаќин на важни квалификациски натпревари.



Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија предвидено е западната трибина да има капацитет од 2.000 седишта, ВИП ложа и ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалититет, а во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
Ќе потсетиме, од Беласица пред неколку дена најавија проект за изградба на стадионот „Благој Истатов“ кој би имал капацитетот од 8.000 седишта. (За овој проект повеќе тука).
Фото и видео: ФФМ