Дома Фудбал И тоа е можно: Клоп застана во одбрана на…Манчестер Сити

И тоа е можно: Клоп застана во одбрана на…Манчестер Сити

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на големиот конкурент Манчестер Сити и го обвини раководството на Премиер лигата.

Проблем е згуснатиот распоред и одлуката Сити да игра во сабота пред пладне, а „граѓаните“ играа во средната вечерта во Лигата на шампиони.

„Верувам дека сите ќе се согласат дека ако играш во вторник вечер, тогаш можеш да играш во сабота на пладне. Премиер лигата не обрнува внимание на тоа и често се случува тимот кој играл во среда да игра рано во сабота како што беше случајот со Манчестер Сити“, изјави Клоп.

„Не можам да поверувам. Огледно е дека не сме пријатели со нив, играме еден против друг и сме големи ривали, но како е возможно ова? Можеби сум многу глуп, па не ги разбирам одлуките на Премиер лигата“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Охрид ја брани предноста на Чаир, Пелистер чека кикс на лидерот

Охрид влегува во десеттото коло со бод повеќе од Пелистер и гостување кај Шкупи, кој сè уш…