Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски го официјализираше трансферот во еден од великаните на португалскиот фудбал, Спортинг од Лисабон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Спортинг потврди дека десниот бек на македонската репрезентација во наредните пет години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес.
Ристовски изминатите две години ги мина во Риека и беше еден од најзаслужните за освојувањето на шампионската титула.
Десниот бек за македонската репрезентација има одиграно 33 натпревари, а неодамна против Шпанија го постигна дебитанскиот гол.