Дома Фудбал И двата сина на Меси ќе играат за ПСЖ

И двата сина на Меси ќе играат за ПСЖ

Лионел Меси ги регистрираше своите два сина во младите категории на ПСЖ.

Тијаго и Матео Меси ќе имаат прилика фудбал да учат во школата на клубот од Париз каде што нивниот татко пристигна после 20 години поминати во Барселона.

Осумгодишниот Тијаго ќе биде регистриран во екипата до 10 години, додека петгодишниот Матео ќе биде дел од тимот до седум години.

Засега Матео покажува повеќе талент од Тијаго. Често пати е со топката, па кој знае можеби еден ден ќе тргне по стапките на неговиот татко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Исејни избра 21 фудбалер: Македонија во Трабзон ќе брка место во Лига А

Македонската селекција до 17 години ги почнува квалификациите на 11 ноември против Унгариј…