Дома Фудбал Италија И „Аѕурите“ го сакаат македонскиот супер талент: Никола Секулов доби повик од репрезентацијата на Италија

И „Аѕурите“ го сакаат македонскиот супер талент: Никола Секулов доби повик од репрезентацијата на Италија

Македонскиот фудбалер кој долги години се развива во Италија и тоа во редовите на клубот кој доминира, Јувентус доби огромно признание за неговите одлични настапи – доби повик од италијанската репрезентација.

Секулов е роден во Италија, па поради тоа има право за настап и за оваа селекција и како што се наведува повикот од репрезентација како Италија не може да се одбие.

Сепак, за наша среќа неговите откриле дека настапот за Италија на Секулов не значи дека тој ќе се откаже од дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Станува збор за навистина голем талент и се надеваме дека луѓето кои го водат фудбалот во Македонија нема да дозволат да испуштат ваков „дијамант“.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10215006721295707&set=a.4115717245485&type=3&theater

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Tрансферот на Енцо Фернандез пред комплетирање – Сити ќе потроши 240 милиони евра!

Рокот од 120.000.000 евра кој Манчестер Сити требаше да го исполни одамна помина. Сепак, о…