Tимот на Челзи вчера беше поразен во финалето од Лига Купот против Ливерпул по продолженија (0:1). По натпреварот беше забележана една ситуација на трибините во која во центарот на вниманието се најде тренерот на „сините“ Маурисио Покетино.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Имено, Покетино додека поминуваше покрај ложата се поздрави со неколку луѓе, но не и со сопственикот на клубот Тод Боели. Американецот тргна да се поздрави со аргентинскиот стратег, но тој си замина.
Засега не е познато дали станува збор за некоја случајност и Покетино не го забележал или пак помеѓу двајцата владее некаква нетрпеливост.
🚨🚨| Mauricio Pochettino ignores Chelsea’s chairman Todd Boehly 😳 pic.twitter.com/dWIqG91fGm
— CentreGoals. (@centregoals) February 25, 2024