Дома Фудбал Лига на шампиони Знаете ли колку време Мурињо нема победа во нокаут фазата во ЛШ?

Знаете ли колку време Мурињо нема победа во нокаут фазата во ЛШ?

Вчера Тотенхем запиша пораз од Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите, Лајпциг на гости беше подобар од клубот од Лондон со 0:1.

Мурињо после натпреварот истакна дека и покрај поразот е горд на своите момци кои дале се од себе во лошата ситуација во која се наоѓаат. Тотенхем има проблеми со неколку повредени играчи и „петлите“ за овој натпревар немаа на располагање класичен напаѓач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој пораз продолжи и една криза на Мурињо. Имено, „Специјалниот“ нема пораз во ова натпреварување во нокаут фазата цели шест години.

Последен пат Мурињо во нокаут фазата победи во 2014 година. Тогаш Мурињо како тренер на Челзи славеше против ПСЖ со 2:0. Од тогаш Мурињо до денес одигра седум натпревари во нокаут фазата на кои не успеа да победи (четири со Челзи, два со Јунајтед и еден со Тотенхем).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Модриќ ја покажа класата на тренингот пред натпреварот против Баерн 🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот ќе го играат првиот натпревар од осминаф…