Хаким Зијех е многу блиску до враќање во Ајакс, откако раководството на Челзи го стави на трансфер листа Мароканецот, пренесува „Скај Спорт“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мароканецот беше дел од холандскиот гигант од 2016 до 2020 година, по што за 40 милиони евра се пресели во Челзи.




Сепак, тој не успеа да се наметне на „Стемфорд Бриџ“ и особено по доаѓањето на Томас Тухел ретко добива шанса за настап.




Ајакс сака да го врати Зијех на „Јохан Кројф“ арената како замена за Ентони, кој беше продаден во Манчестер Јунајтед за 100 милиони евра.




Медиумите тврдат дека двете страни се блиску до договор и Зијех утре треба да пристигне во Амстердам.