Дома Фудбал Англија Зинчеко се расплака поради голот кој прими Арсенал поради него

Зинчеко се расплака поради голот кој прими Арсенал поради него

Арсенал во неделата на „Енфилд“ во дербито од 30-тото коло во Премиер лигата имаше 2:0, но на крајот во драматична завршница остана без два важни бода во трката за шампионската титула.

Стрелци на головите за „топџиите“ беа Мартинели во осмата и Жесус во 28-та минута. Салах постигна гол за домаќините во 42-та минута, а Фирмино во 87-та минута. Арсенал сега има шест бодови предност во однос на Сити, но „граѓаните“ имаат и натпревар помалку.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Доминираше Арсенал на почетокот, но потоа Ливерпул се врати и изедначи. При голот за 2:2, главен виновник кај Арсенал беше Александер Зинчеко кој катастрофално реагираше и Фирмино го искористи тоа.

Артета веднаш го замени, а Зинченко се расплака на клупата, свесен дека овој кикс Арсенал може да го плати со титула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…