Дома Фудбал Зидан го сака назад, Реал го обезбеди Хакими до 2023 година!

Зидан го сака назад, Реал го обезбеди Хакими до 2023 година!

Десиот бек на Реал Мадрид, Ашраф Хакими оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Борусија Дортмунд, но „кралевите“ гледаат иднина во него и му понудија нов договор.

Според договорот Хакими се пресели во Дортмунд на двегодишна позајмица која истекува на лето. Германскиот клуб сака да го задржи десниот бек уште една година, но Зидан сака да го врати во своите редови 21-годишниот Мароканец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа Реал Мадрид експрено реагираше и го продолжи договорот со играчот до 2023 година, пренесува „Марка“.

Хакими блеска во дресот на „милионерите“ и оваа сезона настапи на 36 меча на кои постигна 7 гола и запиша 10 асистенции.

Тој е најефективниот десен бек во Европа заедно со Александер Арнолд од Ливерпул, па јасно е зошто Зидан го сака во својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…