Дома Трансфер зона Зидан ги изненади сите: Ќе направи се за тие двајца да останат!

Зидан ги изненади сите: Ќе направи се за тие двајца да останат!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека ќе направи се што е во негова моќ за Карим Бензема и Герет Бејл и следната сезона да бидат дел од тимот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ова е големо изненадување, особено поради фактот што медиумите веќе подолго време тврдат дека споменатиот двоец готово сигурно ова лето ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Перез сака ова лето да донесе две нови ѕвезди во тимот кои делумно ќе бидат финансирани со продажбата на Велшанецот и Французинот.

„Двајцата ни се потребни и ќе направам се што треба за Бензема и Бејл да останат во Реал. Знам дека сите ииграчи секогаш сакаат да играат, но тоа е невозможно“, порача Зидан.

Бејл веќе подолго време се поврзува со враќање на Островот, а за Бензема исто така интерес покажуваат англиските гиганти како и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…