Дома Тенис Зверев го пропушта Вимблдон

Зверев го пропушта Вимблдон

Германскиот тенисер Александар Зверев ќе паузира меѓу шест и осум недели поради повреда на скочниот зглоб на полуфиналниот меч на Ролан Гарос против Рафаел Надал, пренесува„„Л’Екип“.

Тоа практично значи дека Зверев ќе го пропушти Вимблдон кој е на програмата од 27 јуни, но има добри шанси за настап на УС Опен кој започнува на 29 август.

Зверев, олимпискиот шампион од Токио, следниот понеделник ќе биде втор на АТП листата, зад Данило Медведев, а пред Новак Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ им оддаде почит на 16-те жртви од трагедијата во Нови Сад

На втората годишнина од падот на настрешницата, Новак Ѓоковиќ сподели објава во спомен на …