Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло размислува да го тужи клубот, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот Италијанец го обвинув клубот за психичко малтретирање и притисок. Тој неодамна беше отстранет од тимот, откако побара да го напушти клубот.
Меѓутоа, до трансфер не дојде, Заниоло остана во Рома, па ќе продолжи да тренира индивидуално.
Борнмут понуди 30 милиони евра, Рома ја прифати понудата, но Занило одби да се пресели во англискиот клуб.
Тоа додатно го налути раководството на Рома, па му порача дека до крајот на сезоната ќе биде исфрлен од тимот.