Дома Трансфер зона Занети не верува дека Икарди ќе се врати, ја откри и иднината на Лаутаро

Занети не верува дека Икарди ќе се врати, ја откри и иднината на Лаутаро

Потпретседателот на Интер Хавиер, Занети изјави дека клубот се уште не направил план за летните трансфери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Занети верува дека Мауро Икарди кој моментално е на позајмица во Пари Сент Жермен нема да се врати на „Џузепе Меаца“.

„Дали ќе се врати Икарди? Не знам, се уште не разговаравме за трансфери. Мислам дека нема да се врати, но имаме време да размислиме. Во врска со проблемот со кој се соочува целиот свет, најважно е здравјето. Кога ќе заврши, тогаш ќе имаме време да размислиме за сите овие работи“, истакна Занети, кој потоа беше запрашан за Лаутаро Мартинез.

„Лаутаро го гледам во Интер, тој веќе се идентификуваше со клубот, ние веруваме во него, јас неговата иднина ја гледам во овој клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…