Дома Трансфер зона Занети: Дибала? Се преговара…

Занети: Дибала? Се преговара…

Meдиумите во Италија на големо најавуваат дека завршен е трансферот на Паоло Дибала во Интер на кој навивачите на Јувентус гледаат како на предавство.

Јасно е дека Дибала ако потпише за Интер од миленик на навивачите ќе стане еден од најомразените фудбалери и никој нема да верува дека неговите солзи после последниот натпревар за Јувентус беа вистински.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Коментар на оваа тема даде и легендарниот Хавиер Занети кој по завршувањето на кариерата има улога на потпретседател на Интер.

„Дибала во Интер? Има преговори…Дибала е одличен играч и верувам дека во најдобро светло ќе ја претстави Аргентина на Мундијалот. Интер е клуб кој важи како одлично место за Јужноамериканците, посебно за Аргентинците. Во овој момент ги имаме Лаутаро и Кореа, ќе видиме каква ќе биде ситуацијата со Паоло“, изјави Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Преговорите во застој, Мењан може да го напушти Милан

Преговорите помеѓу Милан и голманот Мајк Мењан за продолжување на договорот се во застој, …