Дома Топ вести Заминувањето на Хамес од Реал најмногу би им помогнало на Барселона?

Заминувањето на Хамес од Реал најмногу би им помогнало на Барселона?

Колумбискиот репрезентативец, Хамес Родригез ова лето речиси сигурно ќе го напушти Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познато е дека Хамес е цел на многу екипи кога самиот даде знаење до управата на Реал дека сака да си замине, бидејќи не е задоволен со својата минутажа која ја има во Реал. Колумбиеот во изминатава сезона започна само 13 натпревари за „Кралевите“ и одлучен е следната сезона да биде стандарден, но очигледно во некоја друга екипа.

Хамес во своите редови го сакаат Манчестер Јунајтед и Интер, но изгледа дека Колумбиецот е најблиску својата кариера да ја продолжи во дресот на ПСЖ. Парижаните се подготвени да платат 70 милиони евра за Хамес, односно износот кој Реал Мадрид го бара за него. Шпанските медиуми пренесуваат дека доаѓањето на Хамес во ПСЖ би можело најмногу да им помогне на Барселона.

Имено, каталонскиот клуб во своите редови го сака поранешниот играч на Реал Мадрид, Анхел Ди Марија. ПСЖ не сака да го пушти Аргентинецот, но со доаѓањето на Хамес на „Паркот на Принцовите“ тоа би можело да се промени. Сигурно дека во Барселона ја следат ситуацијата околку колумбискиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…