Дома Фудбал Останато Законите во Јужна Кореја мораат да се почитуваат: Прво војска, па потоа трансфер во Јунајтед

Законите во Јужна Кореја мораат да се почитуваат: Прво војска, па потоа трансфер во Јунајтед

Mинатото лето Ким Мин Џае од Фенербахче се пресели во Наполи и ова се покажа како одличен потег на клубот од Неапол, а сега дефанзивецот изгледа е веќе спремен за нов чекор.

Според најавите, Манчестер Јунајтед ќе биде негов нов клуб, „црвените ѓаволи“ се согласиле да ја платат откупната клазула и фудбалерот се согласил на трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Трансферот наводно е многу блиску до реализација, меѓутоа јужнокрејскиот репрезентативец ќе мора прво да се врати во татковината да отслужи воен рок, па потоа да оди на прегледи и потпис во Англија.

Според законите во Јужна Кореја професионалните спортисти кои имаат успех не поминуваат цел воен рок туку скратен кој трае нецел месец, па така во Јунајтед Ким би се појавил на стартот од подготовките за новата сезона.

Од друга страна Наполи ќе мора да бара замена за одличниот дефанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…