Дома Трансфер зона Завршува авантурата на Ракитиќ во Барселона: Позната и цената и новиот клуб!

Завршува авантурата на Ракитиќ во Барселона: Позната и цената и новиот клуб!

Според сите најави Иван Ракитиќ на лето ќе ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот играч за врска ги брои последните денови во Барселона, а судејќи според се кариерата ќе ја продолжи во Севиља, барем такви се најавите од Шпанија.

Каталонскиот „Спорт“ открива дека Ракитиќ уште во текот на летото имал опција да премине во Јувентус. Јувентус наводно му понудил многу подобри услови, но одличниот фудбалер ја одбил таа можност и останал во Шпанија.

Сепак, Барселона сезонава не смета на него и Ракитиќ сега покажал желба да се врати во Севиља каде што се прослави како играч и стана капитен.

Според информациите од Шпанија, Барселона ќе го пушти Ракитиќ за сума од 20 милиони евра.

Договорот на Ракитиќ со Барселона има важност уште една година. Во последниот преоден рок Хрватот се поврзуваше и со Атлетико Мадрид, меѓутоа „јорганџиите“ сега не покажуваат интерес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…