Дома Топ вести За тројца играчи кои беа „вишок“ Реал заработи 100 милиони!

За тројца играчи кои беа „вишок“ Реал заработи 100 милиони!

Реал Мадрид оваа сезона е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и веќе потроши 300 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Кралевите“ изминатите недели промовираа пет нови заилувања, за кои клубот потроши точно 303 милиони евра.

Меѓутоа, тоа не е крај на „шопингот“ на Реал кој сака да донесе нови засилувања, но за тоа ќе мора да продаде неколку фудбалери со цел да нема проблеми со финансискиот фер-плеј.

Изминатите денови Реал ги продаде Маркос Љоренте во Атлетико Мадрид и Матео Ковачиќ во Челзи, а денес го договори трансферот на Тео Хернандез во Милан.

Со продажбата на овие тројца фудбалери Реал ја наполни касата со точно 100 милиони евра, а треба да се напомене дека станува збор за фудбалери кои се „вишок“ кај Зидан.

Хернандез и Ковачиќ минатата сезона ја поминаа на позајмица, додека Маркос Љоренте запиша само 7 настапи.

Оваа финансиска инјекција ќе му дозволи на Реал да донесе нови засилувања, а треба да се напомене дека во следните денови се очекува продажба и на Хамес Родригез како и на Дани Себаљос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…