Дома Фудбал Италија За прв пат оваа сезона: Јувентус утре без Роналдо

За прв пат оваа сезона: Јувентус утре без Роналдо

Проблем за Јувентус, но и разочарување за навивачите на Бреша.

За прв оваа сезона Јувентус ќе биде без Роналдо. Во првите четири кола Роналдо заедно со Матуиди, Алекс Сандро и Бонучи ја одигра секоја минута.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Но, после три тешки натпревари во шест дена Роналдо се повреди. Не е ништо сериозно, но Сари одлучи да не ризикува.

Роналдо нема да патува во Бреша каде што повратникот во Серија А го пречкува шампионот во вонредното коло.

Ќе видиме како ќе одигра Јувентус без Роналдо оваа сезона. На почетокот „старата дама“ победува, но не е тоа со така убедлива игра. Во минатото коло црно-белите се мачеа со Роналдо, а натпреварот го реши Роналдо со гол од пенал, Португалецот запиша и асистенција.

Него многу веројатно ќе го замени Бернардески, Квардадо повторно ќе игра на десната страна, во тимот се очекува да се врати Игуаин, додека Дибала кој конечно доби шанса против Верона изгледа повтроно ќе седне на клупата.

Во Бреша сигурно се задоволни што Роналдо нема да игра, меѓутоа дел од навивачите сигурно се и разочарани што нема да го видат на дело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…