Дома Трансфер зона Ериксен чека понуди, Тотенхем нема избор

Ериксен чека понуди, Тотенхем нема избор

Кристијан Ериксен одбил да го продолжи договорот со Тотенхем, кој истекува следното лето, па е спремен да ја промени средината.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ериксен влезе во последната година од договорот, но не помислува да стави потпис на нов, па во Тотенхем стравуваат дека на крајот од сезоната ќе замине бесплатно.

Според англиските медиуми Ериксен е отворен да замине до крајот на преодниот рок, но само доколку пристигне понуда од Реал Мадрид, Барселона или Јувентус.

Сепак, ниту еден клуб до сега не почнал преговори со 27-годишниот играч, а во Тотенхем не сака да прифати ниту 11 милиони евра по сезона, па се смета дека веќе донел одлука да го напушти лондонскиот клуб по крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…