Дома Трансфер зона Емре Чан заминува од Јувентус – три гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Емре Чан заминува од Јувентус – три гиганти се „тепаат“ за неговиот потпис

Мeдиумите во Италија пренесуваат дека во моментов има два клуба кои се заинтересирани да го донесат Емре Чан во своите редови во јануарскиот преоден рок.

Францускиот шампион, ПСЖ веќе подолг период пројавува интерес и може да тргне по неговите услуги во јануари. Вториот заинтересиран тим е Баерн Минхен кој сака да ја засили средината со германскиот фудбалер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед исто така покажува сериозен интерес за 25-годишниот играч за врска и веќе подолго време е во контакт со неговите агенти.

Меѓутоа Чан преферира клуб кој игра во Лигата на шампионите каде ќе има право за настап и во вториот дел од сезоната затоа што во моментов не е пријавен за настап во најелитното европско натпреварување од страна на Јувентус.

Чан беше ангажиран во Јувентус во 2018 година како слободен агент од Ливерпул, но оваа сезона не влегува во плановите на тренерот Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…