Дома Трансфер зона Емре Чан е вишок во Јуве – се враќа „дома“

Емре Чан е вишок во Јуве – се враќа „дома“

Италијанските медиуми пренесуваат дека Емре Чан не се вклопува во плановите на Маурицио Сари и може да го напушти Јувентус до крајот на преодниот рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Играчот од средниот ред на Јувентус нема да добие голема минутажа кога е во прашање новата сезона во Серија А, бидејќи Сари преферира други играчи на таа позиција.

25-годишниот Германец пристигна во Јувентус минатото лето како слободен агент од Ливерпул. Во својата прва сезона во Торино, тој одигра 37 натпревари и постигна четири гола.

Баерн Минхен и Пари Сент Жермен покажуваат сериозен интерес за неговиот потпис, а медиумите тврдат дека Германецот е блиску до враќање на „Алијанц Арена“.

Имено, Емре Чан е производ на академијата на Баерн Минхен, па би можел да се врати во својот матичен клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…