Дома Фудбал Англија Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Емери замина, нов Шпанец го презема Арсенал

Унаи Емери доби отказ година и полoвина откако стана тренер на Арсенал. Привремено на клупата го наследи Фреди Љумберг. Играчката легенда на „топџиите“ ќе го води тимот против Норвич во недела, но јасно е дека тој не е трајно решение.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Раководството на Арсенал е во потрага по нов менаџер, па медиумите шпекулираат со неколку имиња. Од Шпанија доаѓа информација дека еден од главните кандидати е бившиот тренер на Валенсија, Марселињо.

Марселињо доби отказ во Валенсија на почетокот на септември оваа година поради недоразбирање со раководството и моментално е без ангажман.

Наводно „топџиите“ веќе стапиле во контакт со Марселињо и ја разгледуваат можноста да го донесат на „Емирати“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Како сето ова успеал да го внесе на стадионот? Виралниот навивач на Атлетико пак правеше сендвичи (Видео)

Среде натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1), фокусот на гледачките очи го при…