Дома Фудбал Англија Емери е бивши, Арсенал бара нов тренер, три имиња на списокот

Емери е бивши, Арсенал бара нов тренер, три имиња на списокот

Арсенал ја започнал потрагата по нов тренер кој треба да го замени Унаи Емери, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Емери веќе подолго време не е сигурен на клупата поради слабите резултати, а капката која ја прелеала чашата е ремито со Саутемптон на домашен терен.

Претходно раководството имало намера да го остави Емери на клупата до крајот на сезоната, а сега донеле одлука да му врачат отказ и веќе му бараат замена.

Медиумите посочуваат три имиња кои би можеле да седнат на клупата на „топџиите“. Првиот кандидат е Маурицио Покетино кој неодамна доби отказ од Тотенхем.

Второто име е трофејниот италијански тренер Масимилиано Алегри, кој исто така е слободен, но тешко дека ќе прифати работа на средина од сезоната.

Додека третата опција е помошникот на Гвардиола, Микел Артета, кој е поранешен играч на Арсенал и одлично го познава клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата

Пауло Дибала е отворен за трансфер во Премиер лигата летово, тврди Sky Sports. Напаѓачот и…