Дома Фудбал Италија Елмас и друштвото сезонава се уште без плата во Наполи

Елмас и друштвото сезонава се уште без плата во Наполи

Италијанската „Газета дело Спорт“ објави дека персоналот во Наполи, тренерите и играчите се уште не добиле плата оваа сезона и тоа влијае лошо на тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се шпекулираше за инцидент на тренерот Гатузо со некои фудбалери, меѓутоа сега се пишува и за други проблеми во Неапол. Ниту еден член на Наполи не добил плата оваа сезона, тврди „Газета“.

Според информациите клубот дал ветување дека првата плата ќе ја исплати овие денови и дека ќе се запази рокот од Фудбалската федерација на Италија (1. декември).

Во овој момент Наполи се наоѓа на шестатата позиција со освоени 14 бодови од осум натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кристиан Киву го продолжи договорот со Интер

По двочасовни разговори со раководството на Интер, Кристиан Киву потпиша продолжување на д…