Дома Фудбал Италија Ел Шарави ја откри главната цел на Рома пред големото дерби!

Ел Шарави ја откри главната цел на Рома пред големото дерби!

Некогашната надеш на екипата на Милан, Стефан Ел Шарави, истакна дека од исклучителна важност за неговата екипа е да бидат второпласирани.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За титулата веројатно веќе никој не размислува, но во Рома се свесни дека директен пласман во Лигата на шампионите е сосема добар резултат за оваа сезона.

„Секој натпревар е важен, а до крајот на сезоната имаме само уште три средби. Сакаме да одиграме на високо ниво и да го задржиме местото на кое сме сега и така директно да се пласираме во Лигата на шампионите. Не смееме да дозволиме Наполи да заврши пред нас“, изјави Ел Шарави.

Рома минатата сеозна заврши на третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите, но „волчицата“ во тој двомеч беше елиминирана од Порто, па во Рим не сакаат да ја повторат истата грешка.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…