Дома Топ вести Ел Класико за дефанзивецот на Сити

Ел Класико за дефанзивецот на Сити

Реал Мадрид и Барселона ова лето ќе водат голема битка на трансфер пазарот за шпански репрезентативец.

Двата шпански гиганти се силно заинтересирани за дефанзивецот на Манчестер Сити, Емерик Лапорт, пренесуваат шпанските медиуми.

27-годишниот Лапорт го загуби стартното место во тимот на Гвардиола и е спремен ова лето да ја промени средината.

Реал и Барселона се во потрага по квалитетен дефанзивец, па веруваат дека Лапорт би бил идеално решение за одбраната.

„Граѓаните“ се спремни да го пуштат, а за неговата слобода бараат сума од 60 милиони евра. Шпанските гиганти не се спремни да ја платат оваа сума и се надеваат да ја намалат цената преку преговори.

Лапорт доби шпанско државјанство и покажува одлични настапи на ЕУРО во дресот на „црвената фурија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…