ПСЖ е пресилен за францускиот шампионат, но богатите сопственици од година во година продолжуваат да вложуваат милиони евра на засилувања за Светците конечно да дојдат до самиот крај во ЛШ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Сепак, на ПСЖ никако да му тргне во ЛШ, а оваа сезона шокантно испадна во осмина финалето од Манчестер Јунајтед.
Полека се појавуваат проблемите на Паркот на принцевите. Рабиот е непосакуван во клубот, константно стигнуваат инормации и за незадоволство на Нејмар, а на атмосферата во клубот сега може да влијае и ситуацијата во која се најде Џиџи Буфон.
Имено, пред да испадне ПСЖ од ЛШ се шпекулираше дека искусниот чувар на мрежата ќе потпише нов договор со клубот, но сега е друга приказна.
Л’екип пишува дека во ПСЖ се предомислиле и повеќе не го сака поранешниот голман на Јувентус во своите редови.
Парижаните наводно дошле до заклучок дека Буфон не може да одговори на придизвиците во врвниот фудбал и тоа после големата грешка која ја направи во реваншот против Јунајтед. Истата ја искористи Лукаку и постигна погодок.
Да потсетиме, Буфон минатото лето, после 17 години во Торино, го напушти Јуве и со ПСЖ потпиша договор до крајот на оваа сезона. Дали и следната сезона ќе биде меѓу стативите на овој клуб останува да видиме.