Дома Фудбал Германија Егзодус во Шалке: Клубот објави заминувања на десет фудбалери

Егзодус во Шалке: Клубот објави заминувања на десет фудбалери

Германскиот гигант од Гелзенкирхен, Шалке 04 немаше баш најдобра сезона па затоа наредната година ќе настапува во втората Бундеслига.

Шалке зад себе има хаотична сезона во која се соочи со финансиски проблеми, чести тренерски смени, недостиг на квалитет…Сето тоа придонесе наредната сезона овој тим да игра во втората лига.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес беше објавено и дека клубот по испаѓањето ќе го напуштат 10 играчи. Од Шалке заминуваат: Бенжамин Стамбули, Бастијан Ошчипка, Стиве Скржибски, Алесандро Шоф, Шкодран Мустафи, Набил Бенталеб, Вилијам, Гонзало Пасинесија, Фредрик Ренов и Килијан Лудевиг.

Покрај овие потврдени заминувања се најавува и заминување на уште некој играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…