Дома Трансфер зона Европските гиганти ја сакаат новата белгиска ѕвезда

Европските гиганти ја сакаат новата белгиска ѕвезда

Неколку европски гиганти веќе ја започнаа битката за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Новопечениот репрезентативец на Белгија блеска во дресот на Бриж и сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок бидејќи е мета на голем број европски гиганти.

21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, а најсилен интерес за него покажуваат Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул и Арсенал.

Белгиецот е офанзивен играч за врска, кој може да игра и како крило, а оваа сезона постигна 18 гола и запиша 10 асистенции и веќе го доби епитетот „новиот Де Брујн“.

Бриж за неговата слобода бара 30 милиони евра, а неколку клуба се спремни да ја платат таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…