Тимот на Евертон во наредните 48 часа ќе го претстави најскапото засилување во својата историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нов член на „карамелите“ ќе стане Бразилецот, Ричарлисон кој пристигнува од Вотфорд за сума од 56 милиони евра.
„Скај Спорт“ пренесува дека Ричарлисон веќе ги поминал медицинските прегледи и дека само прашање на време е кога клубот од „Гудисон“ и официјално ќе го претстави.
Ричарлисон минатата сезона постигна пет погодоци за Вотфорд на 41 натпревари, а со трансферот во редовите на Евертон ќе го сруши рекордот на Гифли Скигурдсон кој беше најскапо засилување во историјата на клубот.