Барселона ова лето се уште не направила конкретен трансфер, освен Френки де Јонг кого го ангажираа пред половина година.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, медиумите во Шпанија тврдат дека Барселона спрема одговор на трансферите на Реал Мадрид, а најсилни се шпекулациите за доаѓање на Нејмар и Гризман.
Барселона има голем план, сака да ги донесе Нејмар и Гризман на „Камп Ноу“ како замена за Кутињо и Дембеле.
На излезна врата се уште Иван Ракитиќ и Малком, за кои клубот очекува понуди и сака да ги продаде ова лето.
Шпанските медиуми објавија како треба да изгледа тимот на Барса наредната сеозна… навистина импресивно!

