Дома Трансфер зона Дортмунд порача: Санчо може да си оди, но не очекувајте попуст

Дортмунд порача: Санчо може да си оди, но не очекувајте попуст

Раководните лица на Борусија Дортмунд, испратија јасна порака до заинтересираните клубови за англискиот репрезентативец Џејдон Санчо.

Санчо има договор со „милионерите“ до јуни 2022 година, но се шпекулира дека ова лето сигурно ќе ја промени средината.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се сериозно заинтересирани и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но Дортмунд порача дека нема лесно да се откаже од фудбалерот.

„Ако Санчо решил да замине, ние нема да го држиме со сила во клубот. Сепак, условите кои ќе треба да се исполнат се значителни, а оние кои сакаат да го доведат во своите редови треба да знаат дека нема да има попуст поради коронавирусот“, порачаа од раководството на Борусија Дортмунд.

Германските медиуми пренесуваат дека Дортмунд за слободата на Санчо ќе бара 100 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…