Дома Македонски спорт Доријан Бабунски пред трансфер во Швајцарија

Доријан Бабунски пред трансфер во Швајцарија

Репрезентативецот на Македонија, Доријан Бабунски е пред трансфер во Швајцарија во редовите на Грасхоперс, објави медиумите „Немзети спорт“ од Унгарија.

Показател дека се работи на трансферот на македонскиот фудбалер е и тоа што тој вчера не беше во составот на Дебрецен во поразот од МТК (1:3).

Во текстот се наведува дека Дебрецен добил одлична понуда од швајцарскиот тим и не сакал да ја пропушти приликата.

Бабунски во минатата сезона беше најдобар стрелец на Дебрецен, постигна 13 гола и беше избран за играч на годината во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…