Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ со трипл-дабл не му помогна на Далас – на клупата фрли и шише 🎥

Дончиќ со трипл-дабл не му помогна на Далас – на клупата фрли и шише 🎥

Тимот на Далас Маверикс беше поразен од Индијана со 137:120, а не им помогна ниту трипл-даблот на Лука Дончиќ.

Дончиќ натпреварот го заврши со 39 поени, 11 асистенции и 10 скока. На теренот словенечкиот кошаркар помина 43 минути во кој упати дури 30 удари (15 погоди). Во еден момент Дончиќ беше и фрустриран, па од бес фрли шише на подот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во редовите на Индијана имаше дури девет двоцифрени играчи, а најдобри беа Мајлс Тарнер со 20 и Тајрис Халибартон и Бенедикт Матурин со по 19.

Изминатата вечер нервите ги загуби и Никола Јокиќ кој го опцу тренерот на Денвер (ТУКА).

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Орландо 89-101

Бруклин – Филаделфија 112-107

Кливленд – Бостон 105-104

Мајами – Детроит 118-110

Њујорк – Атланта 100-116

Торонто – Њу Орлеанс 98-139

Хјустон – Сан Антонио 114-101

Далас – Индијана 120-137

Денвер – Феникс 107-117

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историска победа, Македонија оди на Светско првенство

Македонија вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ успеа да ги надполни седумте голови негатива о…