Дома Кошарка Дончиќ носеше патики во чест на Коби: Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл (ФОТО)

Дончиќ носеше патики во чест на Коби: Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл (ФОТО)

Далас Маверикс на гости славеше против Оклахома со 97:107, а повторно најдобар на паркетот беше Лука Дончиќ.

Дончиќ на овој натпревар постигна 29 поени и додаде 11 скокови и 5 асистенции иако не беше премногу фокусиран на натпреварот. Словенецот многу го погоди смртта на Коби Брајант кој настрада во неделата во пад на хеликоптер.

Словенецот носеше патики на кои беа испишани имињата на Коби и неговата ќерка, но исто така потсети и на останатите жртви во несреќата. Покрај Брајант и малата Џана во несреќата животот го загубија уште седум лица.

После натпреварот Дончиќ се огласи на социјалните мрежи.

„Ова беше најтешкиот натпревар кој сум го играл. Се уште не верувам. Засекогаш ќе бидеш со нас“, порача Дончиќ со фотографија од патиките кои ги носеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Евролигата подготвува летна лига: Шест екипи на стартот во 2027 година

Планираниот турнир би се играл пред НБА Летната лига во Лас Вегас, а деталите се очекуваат…