Дома Трансфер зона Донарума ја одби последната понуда од Милан за нов договор

Донарума ја одби последната понуда од Милан за нов договор

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума ја одби последната понуда на клубот за нов договор, според угледниот новинар Алфредо Педула.

Причината за ова е финансискиот дел од понудениот договор. Актуелниот договор на Донарума истекува во јуни 2021 година, а според него голманот заработува 6 милиони евра по сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Раководството на „росонерите“ му понудиле зголемување на платата од 1 милион евра, но агентот на 20-годишниот голман експресно ја одбил понудата.

Ситуацијата останува отворена, но станува се потешко да се постигне договор меѓу двете страни. На лето Донарума ќе влезе во последната година од договорот, па доколку до тогаш не стави потпис на нов договор Милан ќе мора да го продаде.

Во тој случај цената на италијанскиот репрезентативец се проценува на околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…