Дома Фудбал Донарума разочаран во ПСЖ, веќе му се пожалил на Раиола

Донарума разочаран во ПСЖ, веќе му се пожалил на Раиола

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но се уште не дебитирал на голот на „светците“.

Покетино во првите натпревари предност му даде на Кејлор Навас, а Донарума беше на клупата за резерви.

Младиот Италијанец го загуби трпението и веќе му се пожалил на неговиот агент Мино Раиола.

Донарума сака да игра и е лут на Раиола што не му обезбедил трансфер во клуб каде ќе му биде гарантирано место во стартниот тим.

„Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е голем голман, но јас сум тука за да бранам. Сакам да бидам еден од најдобрите голман во светот, затоа дојдов во ПСЖ кој силно ме сакаше“, изјави неодамна Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…