Дома Македонски спорт Мак ракомет Додека Македонија играше СП, Металург освои турнир во Франција

Додека Македонија играше СП, Металург освои турнир во Франција

Тимот на Металуриг вчера го победи францускиот Ирун Бидасоа и така стигна до освојување на меѓународниот турнир во Гренобл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Металург славеше во супер неизвесен натпревар со 32:31. Победата за македонскиот претставник ја обезбеди Александар Шпенде со голот ов последната секунда.

Токму Словенецот го доби признанието за МВП на турнирот, додека Даниел Дупјачанец беше избран за најдобар голман.

Металург пред овој натпревар во полуфиналето го доби домаќинот Гренобл исто така во неизвесен натпревар 27:26.

Во предсезоната „Металурзите“ ќе одиграат уште три сериозни тестови со Екс Прованс, Ним и Ст. Рафаел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…