Дома Македонски спорт Мак ракомет Оваа година само со македонски екипи: Започнува ракометниот турнир во Струга!

Оваа година само со македонски екипи: Започнува ракометниот турнир во Струга!

Денес започнува ракометниот турнир во Струга на кој поради ситуацијата со коронавирусот ќе има екипи само од нашата земја.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Претходно дел од овој турнир биле повеќе екипи од регионот, меѓутоа оваа година за тронот ќе се борат само македонските клубови.

Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Охрид, Бутел Скопје, Струга и Металург веќе ги направија потребните тестови на Ковид-19 и истите се негативни. Дел од клубовите веќе пристигнаа во Струга каде и што тренираа.

Се чекаат уште резултатите на Вардар кои треба да пристигнат во текот на денешниот ден, но не се очекува да се појави проблеми затоа што ракометарите се тестираа и пред започнувањето на подготовките. Вардар својот прв меч на турнирот го игра утре.

Турнирот ќе биде отворен денес во 17:15 часот со мечот помеѓу Прилеп и Струга.

Како што е познато поради коронавирусот натпреварите ќе се играат без присуство на публика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…