Дома Трансфер зона Договорена е размената помеѓу Манчестер Сити и Јувентус

Договорена е размената помеѓу Манчестер Сити и Јувентус

Јувентус и Манчестер Сити успешно реализираат размена на фудбалери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесуваат италијанските и островските медиуми, Јувентус ќе го испрати Жоао Кансело во Манчестер Сити, а во спротивен правец ќе тргне Данило.

За оваа размена се пишува веќе долго време и сега според информациите зделката е договорена, наскоро се очекува и официјална потврда.

Сити покрај Данило за Кансело ќе доплати и сума од 30 милиони евра.

Најавите се дека Данило утре ќе пристигне на прегледи во Торино за потоа да стави потпис на договор од пет години според кој ќе заработува четири милиони евра по сезона.

Кога Кансело е во прашање деталите за неговиот договор со Сити се уште не се познати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…