Дома Фудбал Италија Добри вести за Рома: Наинголан спремен за Барселона

Добри вести за Рома: Наинголан спремен за Барселона

Тренерот на Рома, Еусебио де Франческо доби добри вести на денешниот тренинг поврзани со повредените фудбалери Раџа Наинголан и Лоренцо Пелрегрини.

Рома се спрема за гостувањето против Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампиони, а се очекуваше Наинголан да го протушти дуелот на „Камп Ноу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Белгиецот се повреди на последниот меч против Болоња, а медиумите тврдеа дека повредата е тешка и дека може да го пропушти остатокот од сезоната.

Меѓутоа, Раџа денес тренираше со остатокот од тимот и се најде во групата која ќе патува во Барселона, исто како и Лоренцо Пелегрини, кој исто така беше повреден.

Натпреварот со Барселона сигурно ќе го пропушти Џенгис Ундер, кој се опоравува од мускулна повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…