Дома Тенис Директорот на Австралија Опен со порака до Ѓоковиќ: Правилата се јасни

Директорот на Австралија Опен со порака до Ѓоковиќ: Правилата се јасни

Директорот на Австралијан опен, Крег Тајли во интервју за локално радио зборуваше за вакцинацијата и кажа дека ќе биде задолжителна за тенисерите и дека без тоа не може да играат во Мелбурн.

Тајли исто така зборуваше за тоа дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на турнирот и смета дека најдобриот тенисер во светот не сака да пропушти шанса да го освои 10-от трофеј во Мелбурн.

„Денес повеќе од 85% од професионалните тенисери се вакцинирани. Преземаме големи заслуги за тоа на себе, зашто воведовме вакцинација за учество. Мислиме дека до јануари ќе бидат вакцинирани меѓу 90-95 отсто. Новак освои девет трофеи, па сигурен сум дека сака да го освои и десеттиот трофеј“, вели Тајли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…