Дани Олмо е еден од најпреспективните фудбалери на Балканот и Динамо Загреб прави се што може за да го задржи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Од него екипата на Динамо има намера да заработи многу. Јасно е дека Динамо нема да може долго да задржи Олмо, но „модрите“ прават се што можат за да си обезбедат голема заработка.
Според информациите на хрватските медиуми, Динамо му нуди договор на Олмо каков што немал ниту еден играч во некоја екипа од Балканот. За петгодишен договор Динамо му нуди на Олмо 1.5 милионо евра по сезона.
Актуелниот договор на Олмо со Динамо истекува во 2021 година, па влегувањето во последната година од истиот значи и заминување за помала сума од неговата вредност.